Неодоливо медитерамско доживување вe очекува на Малта

Малта е мала и густо населена островска држава која ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното Море. Архипелагот се состои од пет острови – Малта, Гозо, Комино и ненаселените островчиња Камунет и Филфла. Иако Малта геофизички е дел на Северна Африка (лежи на африканската континентална плоча, на југ од Сицилија, источно од Тунис и северно од Либија) ова земја геополитички се наоѓа во Јужна Европа. Малтешкиот е единствениот семитски јазик од афроазиската група на јазици кој се говори во една европска држава. Малта е членка на Комонвелтот, а од 1 мај 2004 година членка е на Европската Унија. Како најмала по површина и број на население во таа организација.
Малта е позната како една од најмалите и најгусто населени земји во светот со површина од 316 km кв. и население од над 400.000 жители, што дава густина на населеност од околу 1300 луѓе на километар квадратен. Главен град на оваа држава е Валета, а најголем град е Биркиркара со население од 26.000 жители. Заради густината на населеност, бројните меѓусебно поврзани градчиња, многумина целата држава, а особено островот Малта го сметаат за единствен град. Поради цивилизацијата која се развивала илјадници години, Малта може да се пофали со некои од најстарите камени градби во светот. Овде се менувале многу владетели меѓу кои Римјаните, Маврите, Витезите на Свети Јован, Французите и Британците. Од сите нив останале бројни тврдини, храмови, подземен комплекс на сали и погребни комори. Сместени во центарот на Медитеранот, островите на Малта долго време служеле како стратешки воени места.


Што да посетите додека сте на Малта

Валета, која е позната и како “Град изграден од џентламени за џентламени”. Овој град на барокот денес е дом на безброј музеи Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, како и добар шопинг. Потоа “Upper Barraca Gardens” – од каде што се пружа прекрасна панорама на големиот залив, Катедралата “St.John” – украсена со богатсвото кое датира од времето на Витезите на Малта, вклучувајќи го и познатото сликарство на Caravaggio . Претседателската палата, позната како “Grand Master’s Palace”, украсена со портрети на големите европски монарси – Малтешки претседатели… уникатни гобленски таписерии и фрески кои ја отсликуваат “Големата псада”.
Мдина – првата престолнина на Малта, позната и како “Тивкиот Град”. Интригантните тесни и криви улици, со старите и раскошни лампи, овој град навечер го прават спектакуларен. “Смирен и тивок”, се придавките кои ја кријат вистината за неговот име. Ѕидините на Мдина датираат од 1090 година, во кои на главниот плоштад се наоѓа барокната катедрала. Во Мдина се наоѓаат и катакомбите “St.Paul”, како и подземните римски гробишта, кои се користеле до 4. век. Мозаиците во “Domus Romana” или Римската Вила (кои датираат од 1 век п.н.), се одлична илустрација за некогашното влијание на Хеленската сликовита култура.
“Blue Grotto” – местото каде што Малтешките рибари секојдневно го растовараат нивниот улов. Можете да  крстарите со рибарски брод кон една од многубројните морски пештери вклучувајќи ја и обновената “Blue Grotto” – формирана пред илјадници години. Пловењето со брод, нуди можност за фотографирање на фантастичните бои кои се рефлектираат од морската фауна, коралите и карпите околу Малта.
Храмовите “Hagar Qim” и “Mnajdra”, кои се под заштита на UNECO. За овие Мегалитски храмови се вели, дека се меѓу најстарите верски објекти на Земјата.

Рибарското село “Marsaxlokk”, кое имало значајна улога во Малтешката историја. За време на 11 век претставувало голем трговски центар, а подоцна за време на “Големата опсада” било засолниште на турската флота. Денес е едно од најголемите рибарски гратчиња, каде што може да им се восхитувате на стотиците рибарски бротчиња наречени “luzzus”.
“Ghar Dalam Cave & Museum” – место каде што се најдени најраните докази за човековото постоење на Малта (7400 години).

Островот Гозо – “помалата сестра” на Малта. Може да се посети: “Qala Belveder” од каде се пружа прекрасниот поглед кон Гозо, Комино и Mалта, главниот град “Victoria”, кој го добил името по англиската кралица Викториа. Рибарското гратче “Xlendi”, храмот “Ggantija” кој е еден од најстарите и најдобро сочувани на малтешките острови, посета на местото каде што се наоѓаше “Azur Window & Inland Sea at Dwejra”  азурниот прозорец – чудото на природата во карпестата околина на “Dwejra”.