Овошна торта со Јагоди без печење

Состојки

1 пакување кори за розен торта,
1 kg јагоди,
500 g бел шлаг,
3 dl ладна минерална (кисела) вода,
2 павлаки,
200 g шеќер во прав.

Подготовка

Исчистените јагоди сечете ги на кругчиња со дебелина 2-3 mm.
Изматете го шлагот со ладната кисела вода па додајте ги изматената павлака со шеќерот во прав.
Потоа се добро соединете.
Кората намачкајте ја со шлагот, врз шлагот ставите кора па пак шлаг. На шлагот наредете јагоди а над нив додајте шлаг за да кората полесно ви се залепи.
Филувајте ја така секоја кора, а на секоја втора додавајте јагоди.
Тортата може да ја декорирате по желба.