Практикувајте по една чаша црвено вино секоја вечер за здрав живот

Истражувањата во минатото потврдуваат дека црвеното вино и црвените бобинки како на пр. боровинките може да влијаат на намалување на воспаленија, да спречат срцева болест, па дури и поволно да делуваат на некои видови на рак. Што е причината за ваквите придобивки?

Причината за ова е соединението наречено ресвератрол.  Научниците од Scripps Институтот  во Флорида велат дека откриле зошто ресвератролот ги има овие корисни ефекти врз здравјето на луѓето.

Истражувачкиот тим предводен од Kendall Nettles, открил дека ресвератролот го блокира протеинот интерлеукин 6 (IL- 6), протеин на имунолошкиот систем кој може да предизвикува воспаленија.

Во оваа најнова студија  се вели вели дека ресвератролот го блокира  протеинот IL- 6 на начин што ја блокира работата на естроген рецепторите.

Естрогенотвоедно гопоттикнува и растот на туморот на ракот на дојка преку рецептори , коисе лоцирани  на површината на канцерогените клетки.

Истражувачите откриле дека кога ресвератролот ги  блокира IL-6, не се активира естрогенската клеточната пролиферација – репродукцијата на клетките кои предизвикуваат рак. Тоа би значело дека употребата на ресвератрол за да се таргетираат естроген рецепторите може да доведе до развој на нови лекови.

Придобивките и ризиците од употребата на ресвератрол

Ресвератрол е клучна состојка во црвеното вино и тоа објаснува зошто овој пијалок се поврзува со мноштво на придобивки доколку се консумира во умерени количини.

Минатата година, беше објавена една студија која укажуваше на тоа дека црвеното вино може да штити од губење на слухот и когнитивен пад, додека една друга студија вели декацрвеното вино може да го забави процесот на стареење.

Од друга страна, некои други истражувања покажале дека ресвератролот може да направи повеќе штета отколку добро.  Во 2013 годинанаучниците од Универзитетот во Копенхаген откриле дека овие соединенија може да ги попречат придобивките од кардиоваскуларните вежби за намалување на крвниот притисок и холестерол.

Тие велат  дека вежбите се многу ефикасни за подобрување на кардиоваскуларнитепараметри во целост, но земањето ресвератрол ги намалува позитивните ефекти од вежбите кај многу параметри, вклучувајќи го и крвниот притисок, концентрацијата на плазма на липиди и искористувањето на кислородот.

Затоа, тие велат дека третирањето со ресвератрол не може да има метаболички бенефициикај здравите жени.