Чоколадна торта со лимон

Состојки за тестото

50 грама чоколада за готвење,
200 грама путер,
4 јајца,
150 грама шеќер,
250 грама брашно,
1 ќесичка прашок за печиво,
20 грама сладок путер,
чоколадни трошки,
кора од зрел лимон,
2 супени лажици шеќер во кристал.

Состојки за кремот со лимон

3 лимона,
100 грама шеќер,
3 јајца,
80 грама путер.

Состојки за Филот

150 грама чоколадо за готвење,
10 грама путер,
1 супена лажица свеж крем.

Подготовка

Рерната треба да се загрее на 200 степени Целзиусови. Чоколадото за готвење се ренда на крупни парчиња. Путерот се топи во сад на тивок оган.
Јајцата се матат заедно со шеќерот се додека не се добие густа бела пена. Во неа се додава брашното, а потоа топлиот путер. Смесата убаво се меша, па се додава чоколадата и прашакот за печиво. И повторно се меша убаво, па се става во сад за печење, тава со дијаметар 20 сантиметри. Се става во рерна и се пече 35 минути.
За тоа време се подготвува кремот со лимон. Се ренда кора од 1 лимон, кој претходно треба да биде измиен и избришен. Се става во мало тенџере. Се додават шеќерот и јајцата и се меша. Се загрева на тивок оган, додека не се добие густа смеса, која се процедува. Се додава путерот исечкан на парчиња и сокот од лимон, па се остава да се излади.
Печениот колач се сече во дебелина на 3 дела. Кремот од лимон се дели на тој начин што едната половина се става на првата кора па се става втората кора па се додава кремот и на крај ја ставме третата кора.  Па се става во фрижидер да се олади.
Преливот се подготвува на следниов начин: Прво се растопува чоколадата за готвење. Се додава путерот, па свежиот крем. Тоа убаво се меша. Добиениот прелив се става врз тортата почнувајки од средината на последната кора. Се сервира студен, украсен со чоколадни трошки и со кора од зрел лимон. Одозгора може да попрскате со кристален шеќер.