Како на природен начин да го спречиме опаѓањето на косата

Со течност од провриени листови од бреза се мие главата против опаѓање на косата. Оваа тинктура да се употребува еднаш неделно подолг период.

При зголемена маснотија и првут се препорачува по миењето на главата и сушењето на косата да се втрие во темето чај од листови од коприва.

Подготовка: Лажица чај од листови од коприва сварени во вода се остава да одстои 1,5 час, па потоа се процедува. Оваа тинктура да се употребува еднаш неделно подолг период.