Колку црното чоколадо е корисно за нашето здравје?

Повеќе од една третина од возрасните во светот се дебели и имаат поголем ризик од дијабетис  тип 2. Но, новото истражување дава една  изненадувачка стратегија за превенција, а тоа е – јадење црно чоколадо.

Во една студија спроведена на глувци, предводена од Андреј П Нилсон на Одделот за храна, наука и технологија на Политехничкиот институт при Државниот универзитет во Вирџинија, истражувачите откриле дека одреден антиоксиданс во какаото – главната состојка на чоколадото – спречува глувците да добиваат на тежина и ги намалува шеќерите во крвта.

Ова не е единственастудија која потврдува  дека конзумирање  чоколадо може да спречи вакви состојби.

Претходно оваа година, во Medical News Today беше објавена студија која тврдеше дека чоколадото , виното и јагодите штитат од дијабетис тип 2, додека други истражувања открија дека тинејџерите кои јадат  многу чоколадо имаат тенденција да биде послаби од оние кои не го консумираат истото .

Ваквите студии тврдат дека причина за овие здравствени придобивки од чоколадото се видовите на флаваноли кои тоа ги содржи и кои претставуваат антиоксиданси.

Но истражувачите на овие најнови  студии велат дека не се сите флаваноли исти. Всушност , какаото содржи неколку различни типови.

Јадете темно чоколадо

Во студијата објавена во весник за земјоделство, храна и хемија, истражувачите се обиделе да утврдат  точно кој тип на флаванол може да биде одговорен за намалување на телесната тежина и намалување на нивото на гликоза во крвта.

Во ова истражување, истражувачите подвргнале  глувци на  шест различни диети во период од  12 недели.

Овие диети е состоеле од внесување на високо и ниско ниво на масти, како и диети со високо ниво на масти дополнети со мономерни ,олигомерни  или полимерни процијанидин (PCs) – видови на флаваноли . На глувците им биле давани 25 милиграми од овие флаванолисекој ден за секој килограм од нивната телесна тежина ( 25 mg / kg) .

Олигомерни процијанидини најефикасни

Истражувачкиот тим утврди дека масната исхрана надополнета со олигомерни процијанидини била најефикасна за одржување на телесната тежина на глувците и подобрување на нивото на гликоза – фактор кој би можел да помогне во спречување на дијабетис од  тип 2.

Коментирајќи во врска со наодите , истражувачите велат:

” Се чини дека олигомерните процијанидини се најдобри  против гојазност и поседуваат најдобри биоактивни антидијабетнифлаваноли кои се содржат во какаото , особено при употреба на ниски во оваа студија .

Заради понатамошно идентификувње на фракции со највисок степен на биоактивни материи потребни се дополнителни студии на пролонгирано хранење со флаванол фракции In Vivo, и  според тоа , ќе се отвори можност за клинички апликации на луѓе во разумни дози. ”

Истражувачите укажуваат на тоа дека дозите на флаваноли користени во оваа студија се значително пониски од дозите кои се користи во минатите истражувања и ќе бидат повеќе применливи за да се пренесат на човековата исхрана.

“Така, нашите податоци покажуваат дека умерени дози на какао флаваноли или какао во прав имаат потенцијал да бидат поефикасни за клиничките испитувања кај луѓето отколку што претходно се мислеше,” додаваат тие.

Според претходните истражувања, здравствени придобивки од чоколадо може да достигнат и  повеќе од намалување на веројатноста за појава на дебелина и дијабетес тип 2.

Medical News Today  неодамна објави студија која вели дека јадењето 70 g  темно чоколадо секој ден може да го намали ризикот од атеросклероза – згуснување и стврднување на артериите .

Но интересно во оваа студија е дека овој бенефит не се припишува на флаванолите кои ги содржи  чоколадото. Учесниците во студијата редовнојаделе или темно чоколадо или чоколадо  со додадени флаваноли. И двата вида на чоколадо го имале истиот ефект.

“Ние обезбедивме една покомплетна слика за влијанието на консумирање чоколадо за васкуларното здравје и се покажа дека зголемувањето на  содржината со флаванол нема додатен корисен ефект врз васкуларното здравје “, вели Проф Diederik Esser , на Топ Институт за храна и исхрана и на Одделението на човекови Исхрана на Вагенинген Универзитетот ,  и двата во Холандија.

Други истражувања докажуваат дека топло чоколадо би можело да помогне да се спречи слабеењето на меморијата. Повторно , истражувачите велат дека ова откритие не се сведува на флаванолите.