Повторно митесери на мојата кожа, како да ги одстраниме

Со овој лосион ќе ги одстраните непосакуваните митесери, но потребена е континуирана употреба.

Состојки

25 грама семки од тиква,
2,5 децилитри 70 % -тен алкохол.

Подготовка

Исчистени и измиени семки од тиква исецкајте ги и потопете во алкохол. Оставете да одстојат на сонце 6 дена, потоа процедете. Лосионот чувајте го во фрижидер.

Употреба

Лицето треба првин да се измие со сапун (глицерински, сумпорен или бораксов) и исчистете го. Тампонирајте го лицето со овој лосион со лесна масажа. Лосионот истовремено го дезифицира лицето, а митисерите со време изсчезнуваат.