Здрави намирници за вашата кожата!

Некои видови  храна делуваат многу позитивно на здравјето на кожата, но најкорисни се кога исклучиво се консумираат во сурова форма:

Кељ и спанаќ

Кељот и спанаќот помагаат да се задржи цврстината и еластичноста на кожата, бидејќи тие содржат фитонутрициенти кои обезбедуваат дополнителна заштита од штетата која ни ја нанесува сонцето.

Спанаќот е особено добар затоа што е преполн со хранливи материи, бета-каротин и лутеин и е докажано дека ја подобрува еластичноста на кожата. Совет: Обидете се да внесете околу три чаши во вид на сок или во вид на лиснат зеленчук неделно. Секој од нив е вкусен како основа на салата, па дури е и повкусен ако се измеша.

Ореви и ф’стаци

Оревите и ф’стаците се богат извор на витамини Б и Е кои помагаат во заштитата против оштетување на клетките. Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој се бори против слободните радикали и оксидацијата, па така кожата не старее предвреме, додека витаминот Б1 помага за циркулацијата и и дава на кожата здрав, младешки сјај. Совет: Комбинацијата на ореви со здрави јаглени хидрати, како што е овошјето ќе ви помогне да се успори варењето на храната и распаѓањето на шеќерите.

Шумски плодови и цитруси (лимуни, портокали, цитрон)

Шумските бобинки се преполни со антиоксиданси кои го спречуваат стареењето, а содржат и  влакна кои помагаат за елиминација на токсините пред тие да предизвикаат некаков проблем. Цитрусите се преполни со витамин Ц, кој е моќен антиоксиданс и кој исто така го зголемува производството на колаген што резултира со мека, елстична кожа. Совет: Сметајте дека свежите цитруси и салата од бобинки претставуваат некаков вкусен третман за убавина. Консумирајте што е можно повеќе!

Јаболка

Како и цитрусите, јаболката се исто така богати со витамин Ц. Тие се корисни во производството на колаген. Бакарот во јаболката помага да се создава меланин – кафен и црн пигмент во кожата, кој функционира како природна заштита од сонцето. Совет:Додавајте сецкани јаболка во салата или во јогурт.

Бадемово млеко

Млекото од  овој плоде одлично за вашата кожа бидејќи содржи бакар кој природно го зголемува нивото на колаген, како и минералот манган, која и помага на кожата за заштита од УВ зраците. Совет: Користете го бадемовото млеко како што би го користеле и обичното млеко, како пијалок, како додаток на житарици или помешано со замрзнато овошје за да добиете еден вкусен, хранлив пијалак.