Направете сами лосион за лечење на Акните

Состојки

1 децилитар сок од лубеница,
1 децилитар сок од свежи краставици.

Подготовка

Лубеницата исчистете ја, исечете ја на кришки и чекајте да пушти сок, истото направете го со краставиците. Исцедените сокови измешајте ги, сипете во флашичка, добро затворете го и чувајте го во фрижидер.

Употреба

Овој благ лосион се користи за лечење на акнесто лице. Лицето тампонирајте го секоја вечер и секое утро со лосионот. Лосионот може да се користи и по бричење, нема да ви ја изитира кожата.