Дали воздухот од климите е штетен?

Клима уредите станаа составен дел од нашето живеење. Работиме во климатизирани простории, живееме во станови со клима се возиме во климатизирани автобуси и автомобили. Престојуваме во трговски центри и маркети, стоиме на шалтери, и сето тоа под брановите на разладен воздух. Но, се поставува прашањето за квалитетот на тој воздух?

Дали воздухот од климите е штетен? Одговорот на ова прашање е одличен доколку клима – уредот правино е избран, инсталиран и одржуван. Тоа значи дека неговиот капацитет е адекватен на површината на просторот кој се разладува  и дека е набавен и инсталиран од страна на проверени лица овластени за овој вид дејност. Кога клима уредот е набавен, почнува нашата одговорност за неговата правилна употреба. Редовно, темелно и стручно чистење на филтерот е од исклучително голема важност и претставува клучен момент за зачувањето на квалитетот на воздухот кој го вдишуваме при престој во климатизирана просторија. Правилно одржуван уред, покрај разладувањето, врши и филтрирање, како и навлажнување на воздухот. Овие функции може да бидат од голема корист на лицата кои страдаат од астма и алергии.

Зошто тогаш сите зборуваат за штетноста на клима – уредот?

Неправилната употреба и неадекватното одржување на клима – уредите се причини за бројни здравствени проблеми, од кои некои може да имаат и фатален исход. Сржта на овој проблем не лежи во самиот уред, туку во човекот кој го користи. Доколку не се чистат редовно, филтрите на клима – уредите стануваат идеално тло за бактерии и мувла. Во нив исто така, се насобираат влакна, прашина и грини, како и полен и други алергени. Ако не ги отстраниме, сите овие штетни агенси влегуваат во просторијата заедно со разладениот воздух. Бактеријата Legionella pneumophila е најозогласениот жител на валканите клими. Таа е педизвикувач на легинерската билест, воспаление на белите дробови кои почнува со општа слабост, поспаност и главоболка, продолжува со висока температура, а посебно е ризична за постари лица и за сите со слаб имунитет.

Кои уште тегоби може да ги предизвика неодржуван уред?

Сушење на кожата и слузокожата, хроничен ринитис и фарингитис, појава на конјунктивитис и блефаритис, проблеми кај лицата кои користат контактни леќи, синузитис, воспаление на увото, влошување на состојбата кај астма и алергија, чувство на замор при бучна работа на клима уредот. Листата е подолга, а ќе ги додадеме и проблемите кои настануваат како резултат на несоодветно нагодување на разликата во темпаратурата помеѓу надворешнта и внатрешната средина.

Која е идеалната разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура?

Иако повеќето лекари децидно ќе ви речат дека пет степени е максималната разлика која нашиот организам може да ја поднесе, сепак, сите премолчено ја одобруваат и ситуацијата во која таа вредност доаѓа до бројот 10. Секое изложување на температурни разлики поголеми од тоа претставува сериозен стрес дури и за целосно здрав организам, а особено на ризик се изложени кардиоваскуларните болни, децата и постари лица.