Аронија – најлековитото овошје во светот

Аронијата беше до неодамна непозната на нашиот пазар, а денес таа претставува  додаток во исхраната кој е од суштинско значење. Невозможно е да се најде аптека, специјализирана продавница за здрава храна или пак голем супермаркет, кој на своите полици не нуди најмалку еден производ од аронија.

Аронијата му припаѓа на семејството рози (Rosaceae). Плодовите наликуваат на нашите боровинки. Потекнува од Северна Америка и Источна Канада. Индијанците ја користеле на тој начин што ги сушеле и мелеле плодовите па ги мешале со месото или ги додавале во лебните пецива. Свежите плодови  индијанците најчесто ги користеле како лек за болести и проблеми со желудникот, а за лекување  рани подготвувале чај од листовите.

Аронијата пристигнува во Европа во 1900 година и најголема примена наоѓа во Германија. Од 1946 година, почнува да се одгледува во поранешниот Советски Сојуз. Од неодамна се одгледува и во останатите земји од Источна Европа.

Постојат различни видови аронија:

  • Аronia melanocarpa (црна аронија)
  • Аронија arbutifolia (црвена аронија)

Аронија prunifolia (виолетова аронија)
За луѓето е најкорисна црната аронијаАронијата расте како листопадна грмушка висока 2 до 3 метри и широка 2,5 метри и во периодот мај-јуни создава триесетина бели цветови кои растат во китки (гроздови). Созрева како топчесто виолетово-црвено овошје во дијаметар 3-13 мм и тежина од 0,5 до 2 грама. Плодовите се подготвени за берење во август и септември. Кога растението е во полна сила  (околу пет години старост), може да се очекува принос од 5 до 20 тони по хектар. Предвидениот животен век на растението на плантажте е околу 20 години.Кога станува збор за местото на одгледување и климата, аронијата не е многу захтевна и може да се одгледува на секаква клима. Сепак, имајќи предвид дека аронијата потекнува од области каде што има силно влијание климата од Атлантикот, растението подобронапредува на места каде има поголема влажност на почвата и воздухот. Аронијата може да успева дури и на почви со високо ниво на подземни води, каде што не успеваат другите видови на овошја, како што се јаболка и цреши. Мразот скоро и да не може да му наштетина растението. Цветот е отпорен на ниски пролетни температури, а самото растение поднесува температури и до -30 Целзиусови степени.

Од аронијата се прават сирупи, сокови, разни мармелади, овошни желеа и чаеви. Чаевитечесто се мешаат со други состојки како на пример со Црната рибизла. Благодарение на силниот горчлив вкус и мирисот кој потсетува на горчлив бадем, најчесто се меша со други видови овошје, како на пр. со црна рибизла, крушка или јаболко.  Воедно се користи за производство на ликер и вино.

Состав

Свежиот плод на аронија содржи 16,6-28,8 % сува материја, 100 грама од ова свежо овошје има 47 калории. Хемискиот состав на аронијата може да варира во зависност од временските услови и местото каде што се одгледува.