Заштитете се од ултравиолетово зрачење!

Креми за лице со SPF фактор

Нашето лице е изложено на дејство на сончевата светлина во текот на целата година, затоа е непходно да му се обезбеди соодветна нега и заштита

Секојдневната изложеност на клетките на кожата на штетните зрачења остава долготрајни последици кои се акумулираат во текот на животот. Лицето  е дел од нашето тело кои е најизложено на штетното дејство на УВА и УВБ зрачења, затоа мораме да му посветиме посебно внимание во рамките на секојдневната нега. Заштитата од штетни дејства, со превенција на ефектот на фотостареење, постигнува со пимена на козметички препарати со SPF фактор и УВА/УВБ филтри, усогласени со ЕУ стандардите.

Што значи SPF фактор?

Ознаката со број од кратенката SPF (Sun Protection Factor) се однесува на дозата на зрачење која предизвикува црвенило на кожата заштитена со препарат во однос на незаштитената. Она што е навостина битно е дека поголема вредност значи подобра заштита. Оваа вредност се однесува само на заштита од УВБ зрачење. Многу висок заштитен фактор SPF 50+ се препорачува на оние кои имаат чувствителна кожа, како и по примена на хемиски пилинг. Лицата со нормална кожа и потемен тен може да користат креми со висок заштитен фактор, SPF  30-50.

Дали факторот 100 + занчи дека сме 100% заштитени?

Не, ниту еден препарат не дава апсолутна заштита. Ознаката SPF 50 + се однесува на препарат кој ги блокира 93% од УВБ зраците. SPF 30 запира 97%, SPF 50-98%, и тоа под услов да е нанесен во доволна количина, што за лице е околу пола кафена лажичка. Дури и тогаш е потребно да се побараат оние средства кои даваат заштита во широк спектар (УВА ознака). Посебно обрнете внимание на заштитата на кожата околу очите и усните. Секако, неопходно е да се придружите кон советите за дополнителна заштита, како што е носење шешир со широк обод и очила за сонце (водете сметка за изборот на квалитетни стакла). Заштитете го и деколтето, кожата на вратот и рацете, и задолжително ушите.

Три вида на ултравиолетово зрачење

УВА зраците сочинуваат до 98% од вкупното зрачење, и на нив сме изложени во текот на целата година со приближно еднаков интензитет, дури и кога е облачно. Овие зраци продираат длабоко во кожата, предизвикуваат промена  на структурата на колагени влакна, појава на брчки, пореметувања во пигментацијата, алергиски реакции, создавање слободни радикали, а имаат улога и во појава на рак на кожа.

УВБ зраците се поинтензивни, предизвикуваат изгореници, поврзани се со појавата на сончаница и катаракт. На нив најмногу сме изложени од април до октомври, во периодот од 10 до 16 часот. Двете видови зрачења предизвикуваат промени во генетскиот материјал на нашите клетки.

УВЦ зраците ги апсорбира атмосферата пред да стигнат до нас, што е среќна околност, бидејќи се смртоносни.