За здрави нокти кои побрзо растат и не се кршат употребувајте ја оваа маска

Со оваа домашна маска ќе им помогнете на вашите нокти да растат побрзо, да не се кршат и да бидат здрави.

Состојки:

Свежо исцеден сок од 2 портокали,
2 ситно исецкани лукчиња,
и половина чаша маслиново масло.

Подготовка:

Исцедете ги портокалите и потоа додадете ги исецканите лукчиња, добро измешајте. Во вака подготвената смеса потопете ги вашите нокти и оставете ги во смесата 10 минути. Потоа ставете ги ноктите во маслиновото масло 5 минути. Повторувајте ја процедурата секој ден во наредните две недели.