Ибица – незаборавен одмор на островот на забавата

Ибица е остров на Средоземното море источно од Валенсија и Барселона. Вистинска шпанска престолнина на добра забава, совршен избор за оние кои забавата им е важен дел од летниот одмор. Многубројните песочни плажи, прекрасното Средоземно море, рестораните, кафе-баровите и дискотеките носат загарантирана забава и насмевка на лицето.

Ибица се смета за монденски остров со врвен ноќен живот и воедно нуди можност за беспрекорна релаксација и уживање. Просечната дневна температура во периодот од јуни до септември изнесува 29 септември, а на водата 25 степени.

Островот е долг 45 километри, а неговата ширина изнесува 25 километри, па тоа значи на Ибица има доволно нешта за да се истражат, а особено предизвикувачки се пределите во северниот дел од островот, каде што се сместени селските населби кои што нудат можност за уживање во руралната шпанска сценографија и огромните полиња со засадени маслинки, смокви и бадеми.

Брегот се состои од 80 прекрасни плажи кои што сечие летување ќе го направат незаборавно. Топлата медитеранска клима, проследена со освежувачкиот морски ветар, ја прават Ибица место совршено за летување и одмор, каде што преку ден туристите уживаат во опуштањето помеѓу природата, а во текот на ноќта забораваат на секојдневието во некој од познатите и популарни ноќни клубови.

Ова лето одлучете се за Ибица и поминете незаборавен одмор на островот на забавата!