Дали си сега среќна?

Јас во тебе гледам среќа. Сакам и ти да го направиш истото за себе-да се обидеш во себе да ја видиш среќата.

Таму каде што одиме некогаш ќе ти биде многу полесно да се фокусираш на работите што ги немаш, наместо на работите со кои си благословена.

Не се сеќаваш, но имаше моменти кога ми беше срам да те погледнам.

Кога и да имав проблеми во животот или на работа, немав храброст да бидам покрај тебе и да ти кажам дека те сакам.

Мислев дека не сум доволно добар за тебе, кога се што знам е страдање и мака?  Така си мислев тогаш.

И тогаш сватив дека успехот или неуспехот во мојата кариера и на моето работно место не се она што ме дефинираат како човек.

Ти ме дефинираш како човек.

Ти беше и суште си мојот најголем благослов.

Денес, што и да ми се случи, знам дека имам кому да се вратам.

Ти беше и ќе останеш мојот најголем успех и ништо нема да го промени тоа.

Затоа кога ќе чувствуваш незадоволство или разочараност од тоа што ти го нуди животот, одвој неколку минути за да се оддалечиш од нив.Тогаш размисли за својот досегашен живот и цени го сето она што си го добила и што те одржало до овој миг.

Оваа енергија на ценење е помоќна отколку што мислиш.

Со неа ќе живееш во свест на континуираност, исполнет живот и постојано созревање.

Со неа ќе знаеш дека веќе имаш се што ти е потребно за да бидеш среќна. И ништо и никој нема да може да го промени тоа.