Едноставни за подготовка, Солени ролни од палачинки

Состојки:

2 поголеми палачинки;
300 g млечен намаз;
100 g павлака;
5 кисели краствички;
1 лажица сецкан магдонос;
150 g шумка;
150 g кашкавал на парчиња;
микс од зачини по желба.

Подготовка:

Киселите краставички изрендајте ги и потоа добро исцедете ги.
Измешајте го млечниот намаз и павлаката, додате ги краставичките, магдоносот и зачините, по желба, и потоа се добро измешајте. Ставете фолија на работната површина, и потоа поставете ги палачинките една до друга но крајот на едната со другата да се препоклопуваат.
Намачкајте ги со филот, а над филот ставете ги парчињта шумка и кашкавал. Потоа внимателно замотајте го ролатот во фолијата, и ставете го во фрижидер да се олади.
Откако ролатот ќе се олади и стегне, исечете го на парчиња.