ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ НЕ СЕ БАРА, ТАА САМА ДОАЃА

 

Замислете си, дури и да ги совладате најсилните тактики за заведување, па дури и да ја научите уметноста на љубовта, зарем тоа ќе е реален предуслов да се добие вистинската љубов? Бидејќи вие самите ќе бидете лажни!

Кога се прилагодувате кон очекувањата и разбирањата на некој друг, тој никогаш нема да биде со вас вистински. Всушност, единствениот начин да добиете шанса да ја сретнете и да ја доживеете вистинската љубов е кога ќе се осмелите да бидете сами!

Кога ќе ја откриете душата и кога ќе го покажете вистинското Јас, со сите негови позитивни и негативни страни, само тогаш ќе можете да сретнете некој кој ќе ви одговори на она што сте.

Зарем вреди да ја играш улогата на некој друг, за да му се допаднеш? Зарем за тоа може да се каже дека е среќа? О, не. Тоа е заблуда.

И колку и апсурдно да звучи, најтешко е понекогаш да бидеме себе си во љубовта. Но вреди! Навистина вреди да откриеш дека некој е со тебе и ќе биде со тебе поради тебе. Бидејќи те познава таков каков што си и меѓу вас се е вистинско.

А што избирате вие? Вистинската љубов или маската во името не една лажна љубов?