Мешаш кисела вода со смедеревка, иако си женско, твоите ти се обраќаат со „Сине“…Знаеш дека си македонец кога…

Знаеш дека си македонец кога…

Користиш ракија за да лечиш болест.

Мешаш кисела вода со смедеревка.

Имаш уште толку храна останата кога ќе заврши оброкот.

Жената треба секој ден да спрема ручек инаку не е домаќинка.

Баба ти не го прифаќа фактот дека не си гладен

Ако не живееш сеуште со твоите родители, тие ти се јавуваат на телефон секоја вечер за да те прашаат дали си јадел/а.

Нормално е на свадба да се канат по 600 луѓе.

Дома имате кујна со последна технологија, но мајка ти готви во подрум/тераса, на шпоретот од старата куќа.

Твоите родители досега на одмор биле ЕДНАШ, и тоа во родната земја.

Мајка ти често ти вели: – Ќе видиш ти кога ќе се врати татко ти.

Иако си женско, твоите ти се обраќаат со „Сине“.

Ако си девојка, и имаш 20 години, а не си мажена, тогаш си стара мома.

На аеродром ти имаш најголеми куфери.

Мајка ти често те опоменува да не седиш на цименто или на бетон, затоа што ќе настинеш.

Во твојот фрижидер секогаш имаш повеќе алкохол од храна.

Имате нешто да додадете?