Кушадаси е најголемото летувалиште на турско-егејската ревиера

Турција е земја која со поголемиот дел се простира на западна Азија и со некои 3% на југоисточна Европа. Се наоѓа на обалата на Црно, Мраморно, Егејско и Средоземно Море. Таа претставува земја на контрасти, од една страна настојува да ги зачува традицијата и обичаите, а од друга страна, со нетрпение брза во современата иднина.

Земјата која ги спојувата истокот и западот, два континенти, била дом на многу значајни култури и светски цивилизации повеќе од десет илјади години. Многумина ја нарекуваат колевка на цивилизацијата, а ископините кои сведочат за траговите на човечкото постоење уште од времето на неолитот не враќаат назад 6.500 год. п.н.е. Од тогаш па се до современото време на овие територи поминале многубројни цивилизации и култури, оставајќи видливи траги секоја од нив. Денес Турција има површина од 780.580 квадратни километри. Во последните години туризмот доживеа голем пораст, и денеc Турција се вбројува во првите топ 20 дестинации во светот.

Прекрасните пејсажи на смарагдно зелените заливи, километрите песочни плажи, бистрата тиркизна вода, традиционалната кујна, медитеранската клима, крстарењата, луксузните хотели годишно привлекуваат повеќе од 27 милиони туристи од целиот свет.

КУШАДАСИ

Кушадаси е најголемото летувалиште на турско-егејската обала, но и место каде непрекинато доаѓаат патнички бродови од каде туристите идат да го видат древниот Ефес. Покрај пристаништето се наоѓаат и ѕидините на Стариот град (Caravanserai), во кој се сместени голем број на работилнице, ресторани и места за ноќен провод. Одма поред него се наоѓа Островот на птиците, шарматно островче на кое се наоѓа мала тврдина, како и неколку кафичи и барови. Под островот се наоѓа нова марина во која пристигнуваат јахти од целиот свет. Од таму градот почнува да се шири со голема брзина и секоја година има се повеќе и повеќе хотели, покрај обалата и низ брдата кои го опкружуваат градот. За младите тука е и позната Bar street, каде баровите работат секоја вечер и гарантираат феноменална забава во текот на летувањето.