Лесен и вкусен Колач од слатки компири

Состојки

800  g слатки компири,
1/2 супена лажица цимет,
сок од 2 лимона,
1 супена лажица течен екстракт од ванила
прстофат сол,
4 супени лажици стар рум,
3 јајца,
150 g шеќер,
250 g путер на собна температура.

Подготовка

Компирите се мијат и се лупат. Се сечат на парчиња и се потопуваат во вода во која има ставено сок од еден лимон. Во неа треба да стојат 10 минути.

Компирите се варат во вода во која имате ставено малку сол.

Рерната се загрева на 150 степени Целзиусови.

Од сварените компири се прави пире. Додека е се уште топло, се додаваат јајцата, а потоа шеќерот и 230 грама путер на собна температура. Смесата треба убаво да се измеша. Се додава останатиот сок од лимон, циметот, екстракток од ванила и румот, со што смесата добива пријатен мирис. Се меша 3 минути.

Се става во подмачкан сад за печење и се пече во рерна околу 20 минути. За да се провери дали колачот е печен, во средината на садот се забодува сечилото од ножот. Ако колаот е печен, ножот треба да остане чист.