Најдобрар регулатор на меатаболизмот е цинкот

Како цинкот го регулира клучниот ензим кој е одговорен за умирањето на клетките

Студија предводена од истражувачите во Virginia Commonwealth University расветлува молекуларни  детали за тоа каква е корелацијата на цинкот кој е суштински елемент на човечкиот метаболизам, со ензимот caspase-3, што е од централно значење за апоптоза или смртта на клетките.

Нарушувањето на апоптозата може да доведе до рак и до невродегенеративни заболувања како што е Алцхајмеровата болест.  Познато е дека Цинкот влијае на процесот на инхибирање на активноста на caspase-3, што е од голема важност за лековите кои се користат за третирање на горенаведените заболувања . Наодите може да им помогнат на истражувачите да произведат лекови кои ќе бидат насочени на интеракцијата цинк- caspase-3, а со тоа и конкретно да се контролира активноста на caspase-3, и оттаму – апоптозата.

“Оваа студија е уникатна и може да помогне за да се отвори една нова поширока област на истражување која ние ја нарекуваме биоорганска хемија на апоптоза – и која ја расветлува улогата на основните јони на металите за фундаметалните животни процеси “, изјави одговорниот автор.

Д-р Николас П Фарел,  член на програмата за развој на терапевтика на VCU Месеј Центарот за Рак и професор по хемија во VCU колеџот за општествени науки и уметности.

“Навистина, инхибицијата на апоптозата од страна на цинкот всушност е во спротивност со улогата на нејзиниот  тесно поврзан сосед – бакарот, за кој се знае дека ја засилува апоптозата “, рече тој.

Во студијата, Фарел и неговиот истражувачки тим А Жерар Даниел, д-р, и Ерика Ј Петерсон,  користат конвенционални ензимолошки и биофизички техники во комбинација со пресметковни методи од врвната технологија, со цел да се изнајде доказ за досега непризнаената интеракција со caspase-3.

Според Фарел, каспазите  биле откриени во средината на 1990-тите. Постојат 11 видови каспази познати кај луѓето, а  седум од нив се директно инволвирани во умирањето на клетките. Студијата укажува на регулаторното место на цинкот кој може да биде заеднички за сите каспази (caspases). Претходните наоди укажале и на други сврзувачки места  на цинкот со каспази – 6 и – 9 . Сега, Фарел вели, дека општата насоченост на тимот мора да биде проширена кон тоа да се потврди кај другите каспази.