Пригответе сами Крема против мозолчиња и акни

Состојки

2 лажици мед,
4 лажици млеко,
10 лажици павлака,
1 жолчка,
4 капки раствор од прополис.

Подготовка

Медот стоплете го во млекото додека не се раствори, потоа додајте ја павлаката, жолчката и прполисот. Матете неколку минути со миксер. Чувајте ја кремата во фрижидер.

Употреба

Оваа крема се користи како ноќна крема. Нанесувајте ја на лицето со влажни раце.