Диетално пилешко месо со нане

Состојки

8 пилешки батаци,
1 лажица мед,
4 лажички лимонов сок,
2 лажици јогурт,
4 лажици нане,
сол
бибер.

Подготовка

На почеток одстранете ја кожата и коските од батаците. Измешајте го медот со лимоновиот сок, јогурт, 2 лажици нане, бибер и сол. Од добиенета маринада прелијте го пилешкото месо и остајте го да одстои 30 минути.
Тавата во која ќе го печете пилешкото обложете ја со алуминиумска фолија, ставете го пилешкото и печете на температура од 180 Целзиусови степени, повремено превртувајте го месото за да добие убава златна боја. Печеното пилешко пред послужување, украсете го со остатокот од нане.