Наташа Беквалац после инцидентот со сопругот Лука Лазукиќ

Откако поднесе пријава за семејно насилство и барање за развод на бракот, Наташа Беквалац се повлече од јавноста и не се огласуваше дури ни преку социјалните мрежи. Сепак, пејачката одлучи да му се врати на нормалниот живот и почна да настапува.

Таа наголемо се подготвува за настапите по пауза од една година, која ја направи поради бременоста со втората ќерка Катја, која ја роди во февруари годинава, а само месец и пол подоцна нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ ја претепа нанесувајќи и телесни повреди.