Ореви и масло од ореви – чувари на вашето здравје

Bowl of mixed nuts on rustic wooden table in natural light.

Докажано е со многу студии и испитувања дека конзумирањето на полномасни (цели) ореви или масло од ореви може да го забави растот на ракот на простатата.

Истражувачите сакале да дознаат што е тоа кај оревите што делува на ракот на простатата, а е потврдено во многу претходни студии.

За да го објаснат ова на одредени групи испитаници им се давани цели ореви, масло од ореви, или лабораториски подготвена мешавина со иста содржина на масни киселини која е идентична со маслото од ореви.

По 18 недели е забележано дека  оревите и маслото од ореви го забавиле растот на ракот на простатата.  Исто така, бил намален холестеролот и било зголемено делувањето на инсулинот. Истото испитување резултирало и со намалено ниво  на хормонот  IGF-1, кој се поврзува и со ракот на дојка и со ракот на простатата.

Вештачки генерираните замени за ореви и масло од ореви не ги давале истите резултати. Со други зборови, омега-3 мастите и масните  киселини кај оревите не се причината за постоењето на анти-канцерогениот ефект. Тоа е нешто сосема друго, но научниците не можеле да посочат со сигурност што е тоа. Тие ја отфрлиле можноста дека тоа се влакната, цинкот, магнезиумот или селенот, па така, заклучокот од ова испитување е дека, како и со многу други видови на храна, здравствените придобивки не се должат само на некои состојки или некое соединение. „Виновник“ за ова е природата која искомбинирала повеќе компоненти во една природна храна која нуди огромни придобивки  за нашето здравје. Тоа е вистинската причина зошто природната храна претставува многу повеќе од само некаков збир на корисни и здрави компоненти.

Ова се неколку докажани причини заради кои би требало  да додадете ореви во вашата секојдневна исхрана:

Оревите го намалуваат ризикот од прерана смрт

Една студија за медитеранска исхрана, покажа дека јадењето ореви ја намалува смртноста од рак. Друга  студија спроведена на 118.000 луѓе покажала дека конзумирањето на само неколку ореви дневно за 20% ја намалува веројатноста да се умре од било која причина во период од 30 години.

Оревите го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести

Направено е испитување со 36 луѓе кои внесувале по 30 грама ореви дневно во период од 30 дена. Нивниот крвен липиден статус и ендотелијалната функција се подобрени, а тие не добиле на тежина.

Други студии покажуваат дека додавањето на ореви во исхраната значително го намалува вкупниот и ЛДЛ холестерол. Во Иран,  52 волонтери биле поделени во 2 групи. Едната група јадела 20 грама ореви дневно, а другата група воопшто не конзумирала ореви. По осум недели,групата која конзумирала ореви имала намалени триглицериди за 17,1% и зголемување на  ХДЛ (добар) холестерол  од 9%.

Оревите помагаат за одржување на телесната тежина

Мажи и жени со метаболитички синдром учествувале во вкрстена студија на медицинскиот факултет во Харвард. Сите конзумирале храна со ист број на калории. Но, за појадок дел од нив консумирале шејк кој содржи ореви, а другите плацебо. По само три дена, оние кои конзумирале вистински ореви изјавиле дека се чувствуваат позадоволни и помалку гладни.

Оревите помагаат за контрола на инсулинот кај дијабетичарите

Програма која траела една година во Австралија, проучувала  50 возрасни дијабетичари со прекумерна тежина при што учесниците добивале храна со намалени маснотии. Половина од учесниците, исто така јаделе и по 30 грама ореви на ден. Во првите три месеци  групата која конзумирала ореви имала значително подобри здравствени резултати.

Оревите ја зголемуваат плодноста кај мажите

Една студија во Лос Анџелес проучувала 117 млади мажи кои јаделе типична американска храна. На 59 од нив им е додавано по 75 грама ореви на ден, додека другите го немале овој додаток во исхраната. По 12 недели било забележано дека оние кои јаделе ореви имале подобрена виталност  на спермата, како и мотилитет и квалитет.

Оревите ја подобруваат способноста за размислување

Направени се истражувања во вид на студија каде учествувале 64 студенти кои конзулирале ореви или плацебо. По осум недели, било откриено дека оние кои јаделе ореви ималее зголемена инференцијална вербална способност за расудување од 11,2%.  Други студии покажуваат дека исхраната која содржи антиоксиданси како што се оревите, го подобрува здравјето во целина и ги подобрува когнитивните и моторните функции со текот на стареењето.

Оревите сузбиваат рак на дојка и тумори

Во областите каде што редовно се конзумираат ореви значително е намален процентот на заболени од рак на дојка. Истражувачите сугерираат дека омега-3 масните киселини, антиоксидансите и фитостеролите во оревите се одговорни за овие придобивки.