Колач со лешници и ореви

Лесен и брз колач со лешници и ореви.

Потребни состојки:

  • 250 грама брашно,
  • 1 кесичка прашак за печиво,
  • 3 лажици како во прав,
  • 200 грама шеќер,
  • 1 ќесичка ванилин шеќер,
  • 1 лажица масло,
  • 300 милилитри млеко,
  • 100 грама кафен крем,
  • 50-70 грама ореви,
  • 200 грама лешници.

Подроговка:

Брашното, какаото и печивото просејте ги низ сито и ставете ги во поголем сад. Додајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер, маслото, млекото и измешајте со жица за матење. Потоа додајте го кафениот крем и повторно матете се додека смесата не стане хомогена. Потоа додајте ги лешниците и оревите исечкани на покрупни парчиња. Измешајте повторно со обична супена лажица потоа смесата ставете ја во сад за печење. Печете на претходно загреана рерна на 180 степени, отприлика 30 минути. Декорирајте по желба.
Добар апетит!