Се што треба да знаете за витаминот Д

Недостатокот на витаминот Д и намалување на когнитивните перфоманси се вообичаени кај постарите, возрасни лица, но истражувањата дали постои врска меѓу овие две состојби не се многу убедливи.

Една нова студија на Wake Forest Baptist Medical Center која беше објавена на интернет, пред да биде испечатена во списанието на American Geriatrics Society ја збогати постоечката литература на оваа тема.

“Оваа студија изнесе многу докази кои наведуваат на заклучокот дека постои силна поврзаност помеѓу ниското ниво на витамин Д и когнитивниот пад кој настанува со годините”, вели водечкиот автор Д-р Валери Вилсон, доцент на одделот за геријатрија на Wake Forest Baptist.”

Иако оваа студија не може да ја утврди директната причина и ефектот од овие релации, таа ќе има огромни јавни здравствени импликации доколку се потврди дека суплементите на витаминот Д можат да ги подобрат когнитивните перформанси во стареењето, бидејќи ваквиот недостаток е многу вообичаен кај популацијата.”

Д-р Вилсон и нејзините колеги беа заинтересирани за релацијата помеѓу нивото на витамин Д и когнитивната функција кај постарите – возрасни лица. Тие користеле податоци од студијата здравје, стареење и состав на телото ( Здравје ABC)  со цел да можат да ги согледаат овие односи. Истражувачите разгледаа 2777 возрасни примери на луѓе кои добро функционираат и се на возраст од 70-79. Нивната когнитивна функција е измерена во почетокот на студијата и повторно е измерена четири години подоцна. Нивоата на Витамин Д, кај овие луѓе биле мерени и следени при нивните прегледи на секои 12 месеци.

Групата од студијата Здравје ABC се состоела од 3075 бели и црни постари возрасни лица кои добро функционирале и живееле во заедница, а кои биле регрутирани помеѓу април 1997 и јуни 1998 година во Питсбург , Пенсилванија, Мемфис и Тенеси.

“Само од основните податоци од набљудувањата не може да се заклучи дали ниското ниво на витамин Д предизвикува когнитивен пад. Но, кога ќе се погледнат резултатите после четири години, воочливо е дека ниското ниво на витамин Д резултира со полоши когнитивни  перформанси на еден од два направени когнитивни тестови “, изјави  Д-р Вилсон.” Интересно кај оваа поврзаност, а воедно и следно прашање кое се наметнува е дали со надополнување на витаминот Д ќе се подобрат когнитивните функции со текот на времето.”

Д-р Вилсон вели дека се потребни чести, контролирани студии по случаен избор за се да се утврди дали суплементите на витаминот Д може да го спречат когнитивниот пад и со тоа дефинитивно да се воспостави бараната причинско-последична врска.

“На лекарите им е потребна оваа информација за да можат да им пружат издржани препораки на нивните пациенти”, рече  Д-р Вилсон. ” Воедно, потребни се понатамошни истражувања за да се оцени дали специфичните когнитивни области, како што се меморијата наспроти концентрацијата, се исто така осетливи на ниското ниво на витамин Д.”