Шри Ланка е една од најдобрите дестинации за летување

Шри Ланка дестинација е одлично прилагодлива на буџетот којшто сте го одвоиле само за вашето искуство во сафари, односно цените овде не се енормно високи па вашиот тропски одмор ќе го по поминете со оптимални трошоци.

Кога прв пат ќе посетите некој од градовите во Шри Ланка за момент ќе се запрашате каде ли се наоѓате?! Доколку веќе претходно сте ја посетиле Индија, ќе разберете за што конкретно ви зборуваме. Голем дел од градовите во Шри Ланка потсетуваат на градовите во Индија, поради нивните живописни бои како и возбудената толпа на туристи и луѓе низ улиците.

Доколку сте љубители на луксузен одмор, тогаш Шри Ланка е одлична опција за вас, а поради добро развиениот и прифатлив туризам ќе успеете и да заштедите по некој долар.

Многу од традициите на Шри Ланка се пренесени од Индија, па оние кои веќе патувале таму ќе забележат голем број на сличности. Во оваа десетинација нема да забележите голем развој на индустрија, хаотичност, брзање како што е случај со голем број на метрополи во светот. Овој простор е окупиран од руралното земјоделство. Ова е одлична можност за да патувате во тамошните села и да научите нешто повеќе за античките традиции како и за руралниот начин на живот.