
Потребни состојки:
- 33 суви смокви,
- 200 грама ореви сецкани,
- 200 грама желе,
- 250 грама шеќер,
- 1 ванила,
- 200 грама маргарин,
- 500 грама мелени бисквити,
- 150 грама мелени ораси,
- рум,
- сок од портокал.
Подготовка:
33 суви смокви се полнат со сецкани ореви и сецкано желе. Прво се ставаат орасите, па желето, па повторно ореви.
250 грама шеќер, 1 чаша вода, 1 ванила и 200 грама маргарин се вари на тивко околу 5 минути.
Се трга на страна и во него се става 500 грама мелени бисквити, 150 грама мелени ореви и по желба малку рум или сок од портокал.
Од таа семеса се прават 33 топчиња, и секоја смоква се обликува како бомбица. Се валкаат во мелени ореви, се ставаат во фрижидер да се стврднат и потоа се сечат на 4 дела.