Најобожуваните дестинации на патниците – Мајорка, Палманова, Санта Понса

Mallorca е најголемиот остров во Шпанија и е дел од Архипелагот Балеарски Острови. Заради својата идеална местоположба во Западниот Медитеран, стратешки важен, со векови овој остров бил мета на разни освојувачи, чии влијанија и денеска се гледаат и чуствуваат.Денеска Мајорка е Кралица на Европскиот туризам, прибежиште на љубителите на сонце, море и добар провод. Скриените лагуни, долгите, песочни плажи, боровата шума, палмите и совршената клима ја прават идеална за одмор.

Палма
Главниот град Палма се наоѓа на југот на островот и е вистинско монденско место со голем број на луксузни хотели, вили и стари автентични четврти. Се е подредено за гостите да имаат совршен одмор и добра забава.

Плаја Де Муро
Playa de Muro, Alcudia i C’an Picafort се летувалишта на север на островот, оддалечени од Палма окулу 60км. Ги карактеризира раскошно зеленило, долги песочни плажи, спортски терени, тиркизно море и голем број на луксузни хотели наменети за оние кои бараат мирен, фамилијарен одмор.

Плаја Де Палма / Ел Аренал
Ова се летувалишта на јужниот брег на Мајорка, 10км. југоисточно од градот Палма и 5км. од Аеродромот. Со години плажите на оваа област се обележени со плави знаменца заради квалитетот и чистотата на водата. Многубројните ресторани, барови и дискотеки ги прават овие места привлечни за помладата популација на туристи. Недалеку од Аренал е и Aqualand , еден од најголемите водени паркови во овој дел на Европа.

Кан Пастиља
C’an Pastilla е првиот регион користен за туризам и е најблиску до аеродромот. Се состои од мали, живописни улички кои секогаш водат до сликовитото пристаниште San Antonio de la Playa. Животот се одвива во многубројните ресторани, пабови и барови. Песочната плажа на Кан Пастиља е поврзана со Ел Аренал и Плаја Де Палма.

Магалуф
Magaluf се наоѓа во југозападниот дел на Мајорка, оддалечен е 16км. од градот Палма а окулу 20км. од аеродромот. Песочната плажа е долга 1км. а местото изобилува со продавници, ресторани и дискотеки во кои забавите траат длабоко во ноќта. Некои од најголемите DJ ѕвезди настапуваат во текот на летото во клубовите на Магалуф.

Палманова
Palmanova, за разлика од Магалуф, е мирно место и се препорачува на фамилии. Плажите се со ситен песок, има разни спортови на вода и голем бриј на ресторани и други угостителски објекти. Сместено е на 12км. од Палма и окулу 25км. од аеродром.

Санта Понса
Santa Ponsa е мало фамилијарно летувалиште во југозападниот дел на островот, оддалечено од Палма 18км.. Го карактеризира долга, песочна плажа во живопшисен залив кој обилува со зеленило како и голф терени во околината.

Пагуера
Paguera е популарно, приморско место во голем, убав залив, најзападно во однос на другите летувалишта од овој регион.Омилено е и идеално за фамилијарен одмор. Од аеродромот е оддалечено окулу 35км.