Хороскопски знаци и летото

Овен

Доколку навреме не побегнат од сонцето, најпрво ќе „експлодира“ нивното трпение, а ако во нивната близина нема клима уред или вентилатор, тогаш најдобро е да ги оставите на мир додека жештината не се ублажи.

Бик

Биковите се вистински хедонисти и нема да дозволат жешкото лето да им застане на патот до уживањето. Можете да ги пронајдете во дебела сенка или во соба со клима уред како лежат на каучот, пиејќи го омилениот студен пијалок пред телевизорот.

Близнаци

Уште еден хороскопски знак кој не ги поднесува летните горештини. Никако не им се излегува во текот на денот, па затоа ќе ги повикаат пријателите кај себе, но затоа пак вечерните часови и спуштањето на температурите ќе ги искористат за одење на некоја забава.

Рак

Сензибилниот Рак тешко се прилагодува на високите температури поради кои станува раздразлив и нерасположен. Без разлика дали се наоѓа на море, езеро или покрај река, важно му е само да биде со семејството или со најдобрите пријатели.

Лав

Самоуверените Лавови добро ги поднесуваат горештините. Летото за Лавовите е добра прилика да го соблечат вишокот облека и да ги покажат своите атрибути со кои најмногу се гордеат.

Девица

Во текот на летото Девиците најчесто ќе ги забележите некаде во сенка, скриени под големиот шешир кој ги штити од сончевите зраци. Во тој момент најверојатно на себе ќе нанесуваат крема за сончање со фактор 50. Сончањето за нив е губење време и голема закана за нивното здравје.

Вага

Вагата ниту самата не може да одлучи дали го сака летото или не. Во еден момент ќе се жали на високите температури, а потоа воодушевено ќе признае дека летото е нејзиното омилено годишно време.

Шкорпија

Шкорпијата не сака директно сонце, но затоа ги сака летните ноќи кои оддаваат чувство на сензуалност и таинственост. По природа Шкорпиите се доста страсни, па за нив летото често е прилика за некоја авантура.

Стрелец

Едно е сигурно – Стрелецот нема премногу да се жали на горештините, дури и кога му пречат. Обожава да патува, па ќе ја пронајде идеалната дестинација во која на мир ќе се разладува.

Јарец

Jарецот се “фаќа во костец” со високите температури со темелно разладување. Кај него, клима уредот е вклучен 24 часа на ден, а за секој случај работат и вентилаторите. Проблем се создава само кога ќе му пристигне сметката за струја.

Водолија

Ќе даде сѐ од себе за да им покаже на останатите зошто летото е најдоброто годишно време. На Водолиите летото им е идеална прилика за целосно уживање на отворено со пријателите. Море, базени, водени паркови – Водолијата е расположена за сѐ.

Риби

Нежните Риби не ги поднесуваат врелите денови. Целото лето со задоволство би го поминале затворени дома додека не поминат тропските бранови и конечно да пристигне есента.