Во денешно време луѓето внесуваат премногу кофеин во организмот

На тинејџерите им се потребни повеќе информации за потенцијалната штета која произлегува од употребата на кофеин, се вели во една студија објавена во научно истражувачкиот труд “Образование и воспитување во исхраната”.

Кофеинот е лек : лесно е достапен, има голема употреба, легално достапен и е социјално прифатлива психоактивна супстанца. Секој , на која било возраст, може да го користи, а неговата популарност е во пораст, особено меѓу младите луѓе.

Статистичките податоци покажуваат дека адолесцентите се најбрзо растечка популација на корисници на кофеин.

Кафето е очигледно виновникот, но многу од тинејџерите не сфаќаат дека чајот, вклучувајќи го и ладниот чај и газираните пијалоци може да содржат значителни количини на кофеин.

Кај повеќето здрави возрасни лица, најмногу е безбедно до 400 mg кофеин на ден. Тоа е околу 4 сварени кафиња, 10 лименки кока кола или 2 енергетски пијалоци.

Повеќе од 500-600 mg на ден може да предизвика несакани ефекти , како што се нервоза, вознемиреност, проблеми со спиењето, гастроинтестинални нарушувања, треперење, забрзано чукање на срцето, па дури и смрт.

Дури и умерените дози од 100-400 mg може да предизвикаат симптоми кај децата и адолесцентите.

Многу млади употребуваат 600-800 mg на ден. Клиниката Мајо препорачува максимум до100 mg на ден за адолесцентите и никаква употреба на коефеин за помалите деца.

Научните испитале 166 млади луѓе. Наодите покажале дека 44,6% од испатаниците пиеле од еден до шест пијалоци со кофеин неделно, 11,4% конзумирале кофеин секој ден , а само 4,8% никогаш не конзумираат кофеин.

Главната причина за козумирање на пијалоците со кофеин според младите била , чувството на будност кое им помагало да учат подобро.

Улогата на родителите е голем фактор. Родителите често пијат кафе наутро и многу им го нудат на своите деца, па така се мисли дека е безбедно и прифатливо. Медиумите и рекламирањето, вклучувајќи ги и славните личности во рекламирањето и маркетингот на телевизија ја поттикнуваат потрошувачката.

Се препорачува промовирање на алтернативни начини за зголемување на енергијата , како здрава исхрана и доволно спиење.