Штетни сосови на кои сме навикнати

КЕЧАП

Можеби се преработува од патлиџан, но тоа не значи дека кечапот можеме да го ставиме во категоријата на зеленчук. Размислете само за фактот дека само 2 лажици кечап содржат скоро 8 грама шеќер, поради што кечапот може подобро да се вклопи во категоријата слатки.Најлошо од  се е што кечапот својот сладок вкус најчесто го добива од високофруктозниот пченкарен сируп, и  наједноставен обичен шеќер. Ако не можете да живеете без вкусот на патлиџанот, пробајте да набавите органска верзија  за припремање со вистински шеќер, или едноставно пресечете свеж патлиџан.

ПРЕЛИВ ЗА СКАРА

Купечкиот ПРЕЛИВ  за скара од кечап, е преполн со шеќер од високофруктозен пченкарен сируп. Уште е полош фактот дека дека тој ја добива својата препознатлива боја од вештачки бои, а  тие содржат хемикалии  кои се почесто се опишуваат како канцерогени. Следниот пат кога ке правите скара размислете да приготвите домашен прелив  за скара, зошто тогаш сами ќе ги контролирате состојките.

ЛЕСЕН ПРЕЛИВ ЗА САЛАТА

Можеби ќе заштедите неколку калории ако одберете лесен прелив за салата наместо обичен, но така ќе го натопите зеленчукот со шеќер и останати сумливи состојки.

Поголем дел од лесните преливи преполни се со шеќери кој на преливот му дава вкус без маснотии, а  својата густина ја добиваат од додатни згуснувачи и емулгатори. Најлошо од се –ќе пропуштите голем дел нутритиенти од зеленчукот бидејќи пред се  маста е потребна на нашето тело како би ги апсорбирало витамините од зеленчукот. Одеднаш старото добро маслиново масло и малку оцет се чини не се така досдни.

МАЈОНЕЗ

Две лажици мајонез содржат дури 200 калории, но уште поголем проблем лежи во фактот дека поголем дел од мајонезите се припрема со соино масло, које најчесто се добива од генетски модифицирана соја. Кога се споредува со останатите масла, се чини дека  со соиното масло може да се зголеми дебелината и дијабетисот.

Ако сакате кремаст додаток за својот сендвич пробајте мајонезот да го замените со хумус, од згмечено авокадо или со органски мајонез од масло од авокадо.