ДАЛИ ВИ СЕ РАСЦВЕТАНИ КРАЕВИТЕ ОД КОСАТА?

На Вашата коса и треба хитно ХИДРАТАЦИЈА,  а најлесно тоа ќе го постигнете на овој начин:

До ваков резултат се доаѓа поради прекумерно малтретирање на косата или ако е косата сама по себе сува, тенка и неотпорна.

Расцветаните краеви на влакната како и влакно кое на краевите се кине, се знак дека краевите се исушиле и дека  на косата и фали хидратација.

Доколку е косата е фарбана и хемиски третирана (што не значи дека дирекно не е малтретирана-агресивно фенирање, чешлање на косата со скубење, претерано изложување на сонце и ветар доведува до големо оштетување), а постои ваков проблем, тогаш е вероватно природно наклонета кон исушување (воглавно виткана коса).

Тогаш не постои трајно решение за сувите краеви и  како краткотрајно решение се користи маска која го хидрира влакното а како полутрајно решение се врши шишање на краевите на косата и нивно пополнување со кератинин кој ги пополнува шуплинините и хидрира.

Пречесто миење на косата со шампони кои се на база на вообичаени детергенти исто така го исушуваат влакното па со тоа и краевите на косата.

За фарбана и хемиски третирана коса чии караеви се испукани, се претпоставува дека е оштетена со претерано агресивни препарати и третмани кои доведуваат до испукани краеви на влакната.

Препаратите со полош квалитет  се се поагресивни према косата и колку е квалитетот на косата послаб се е потешко да и се зачува квалитетот. При употреба на ваквите производи за послаба коса определте се  поретко да  ја фарбате и при тоа да користите производи со подобар квалитет.

Без разлика дали косата е хемиски третирана или не, честата употреба на жешки апарати,агресивно чешлање или фенирање, пречесто миење, нередовно шишање на косата и одсуство на нега, можат многу лесно да доведат до испукани краеви.