Зависност од интернет игри

Родителите мора да реагираат навреме

Светската здравствена организација во својата класификација на болести ја додаде и завосноата од Интернет, како болест која ја третираат стручњаците за менталното здравје.

Интернетот е дел од секојдневниот живот и е составен дел од растењето на младите и децата. Иако постојат многу предности и погодности кои ги  носи, не треба да се занемари големиот број проблеми кои се појавуваат со овој глобален феномен.

Што е интернет зависнот ­?

Завосноста од интернет се дефинира како забир на различни однесувања во кои прекумерно се употребува и злоупотребува интернетот. Лицето со такво однесување се згрозува себеси и другите, се изложува на неприлики и не може самостојно да се оттргне од содржините на Интернет. Појавните облици на ова пореметување се зависност од Интернет коцкање, зависнист од социјални мрежи, зависност од игри, зависност од порнографска содрѓина и др. Кај децата и мадите, најчесто се присутни зависност од соцојалните мрежи и од играње онлајн игри.

Причини за појава на завосност од Интернет?

Најчесто, децата се обидуваат потребите кои се нормални во во развој да ги задоволат со Интернет затоа што така им е најлесно, најдостапно и наизгелед побезбедно. На интернетнема одложување на задоволството, не е потребно многу да се вложи во развивање на ваштини на комуникација, а стравот од грешка или отфрлање е сведен на минимум. Социјалните мрежи и игри се бегство  од реалниот свет, во кој има обврски, вистински пријатели, одложуваање на потребите, тестирање на социјалните вештини. Вака влегуваат во виртуелен свет на задоволство и заштитеност од неуспех кој тие го управуваат на многу лесен начин.

Младите кои имаат проблеми во социјалните односи, потешкотии во воспоставувањето односи со врници, проблем со самодовербата и само почитувањето, често се насоченикон игри и социјални мрежи како начин за надминување на овие свои проблеми. Срамежливоста и соцојалните фобии често се причина за завосност од Интернет. Многу млади не успеваат веднаш да се вклучат во група врсници поради присутниот став од отфрлање или негативна оценка. Овој став е нормален во тинаејџерскиот период, и со поддршка од родителите и околината природно се надминува. Меѓутоа, таму каде ќе изостане адекватна поддршна од окруѓувањето, виртуелниот свет го олеснува надминувањето на овие непријатни чувства, но и моѓност младата личност да стане завосна од социјалните мрежи и игри.