Интервју со председателката на националната федерација на фармери на Р. М.

Интервју со  Васка Мојсовска, претседател на НФФ за порталот okrabota.mk :

  1. Вие сте актуелен председател на националната федерација на фармери на Р. Македонија, како се снаоѓате во оваа улога?

Функцијата претседател на НФФ е голем предизвик за мене како личност која целиот свој живот работи земјоделство и егзистира од него. Земјоделието е гранка која, има премногу проблеми за кои што треба многу труд, лобирање за решавање на тие проблеми. Јас како претседател заедно со целиот управен одбор на НФФ, тимот на вработени, потсекторски групи во организацијата со заеднички ставови и предлози, се трудиме колку што можеме да придонесеме за изнаоѓање на решенија за тие проблеми. Само обединети и со заедничко дејствување може да се постигнуваат целите и тоа е мојот начин на работа на секоја функција, вклучувајќи ја и оваа како претседател на НФФ.

2. Колку лидерството ви помага или ви отажнува во домашните обврски околу семејството?

Јас би рекла и ми помага и ми одмага ……хахахаха……Секоја функција на еден човек во неговиот живот придонесува, тој самиот да се надоградува како личност. Слободно можам да кажам дека работењето со земјоделците мене ме исполнува и секој нивни проблем го гледам како свој проблем, а пак ако заеднички успееме да најдеме решение тоа ме исполнува и ми дава елан за нови предизвици. Од друга страна пак отсуството од дома и од мојата работа поради ангажманите во организацијата, придонесуваат да трпи семејството и работата, но ќе кажам ако се сака ништо не е тешко само со добра организација и координација може да се постигне и работата и дома и во организацијата.

3. 64% од жените лидери се од услужните дејности, повеќе се присутни во банкарскиот сектор, секторот за осигурување, кажете ни како би можело да се прошири таа бројка во останатите сектори?

Најпрво на жените кај нас потребно им е јакнење на нивната самодоверба и да веруваат во себе и во тоа што сакаат да го работат, а и да бидат похрабри во донесувањето на одлуките ако сакаат да се зафатат да работат свој бизнис и треба да бидат подржани и од своето семејство и пофлексибилни подршки од банките

4. Што е со рурарната жена колку таа има финансиски средтва за започнување на сопствен бизнис?

Ако на една жена во урбана средина и е тешко да успее во сопствениот бизнис верувајте на руралната жена и е 10 пати потешко да успее како жена лидер. Тоа е така бидејќи руралните жени целиот свој живот го поминуваат на работа во поле и во куќата и нејзиниот труд е најчесто неплатен. Таа се соочува со традиционалните бариери, а тоа е немањето сопствен имот, немањето социјален и културен живот за кои што и самата таа на тоа не гледа како дискриминација и го прифаќа тоа како нормално.

И да има идеа за отпочнување на сопствен бизнис таа е ограничена со тоа што не е кредитно способна, бидејќи нема соспствен имот. Тука можат да помогнат државните институии со разни мерки и програми каде што поголем акцент ќе им се даде на жените, а се разбира и банките со поволни кредити и поволни услови за аплицирање на тие кредити. Ние како организација бараме 60% жените исто како и младите да бидат поддржани во Програмата за рурален развој и истото да биде и применето во ИПАРД програмата. Тоа може да влијае на мотивирање и на мажите и на жените, за нивните сопруги бидат носители на земјоделското стопанство.

5. Колку има разбирање од фамилијата и подршка за да започне свој бизнис? Со оглед на стереотипите кои што владеат сеуште во руралните заедници дека жената треба да седи дома и да се грижи повеќе за семејството?

Многу е мал бројот на жените во руралните средини кои што се подржани од своите семејства во тоа што го работат и најголеми причини се традиционални бариери кои што се присутни најмногу во селата.Само 5% од руралните жени имаат свој недвижен имот, а тоа покажува колку тие се борат за своите права, бидејќи тие со законот кој ги регулира имотно – правните односи можат да си побарат дел од имотот од сопствените родители, но несакаат бидејќи сметаат дека имотот припаѓа на машките деца, а не на ќерките и така и тие ги учат соспствените деца и тоа си трае.

6. Колку државата и помага на руралната жена во идејата за започнување на сопствен бизнис?Дали некои од актуелните грантови се наменети за руралната жена и жената претпиемач? Како да се поттикне жената да основа свој бизнис и да повеќе е присутна со лидерската позиција од мажите?

Грантови за жени претприемачи има преку Министерството за економија, но руралните жени кои што се занимаваат со земјоделие не се опфатени. Жените од рурални средини кои што се до 40 години и сакаат да работат земјоделство можат да аплицираат за гранд од 10 000 евра преку Програмата за рурален развој во Министерството за земјоделство, исто така можат да аплицираат преку ИПАРД фондовите и преку дирекните субвенции. Традиционалните бариери, нивната финансиска немоќ е најголемата нивна пречка да аплицираат, бидејќи овие програми со исклучок на субвенциите не се целосно подржани од државата, туку треба и самиот да финансираш. Ние како НФФ, како што потенцирав и во претходните прашања бараме при бодувањето на тие апликации жените да имаат повисоки бодови, а исто така за да може една жена да работи свој бизнис на село треба да има услови за живот во тоа село и се разбира мотив, а тоа се добра инфраструктура, градинки за децата за да може да ги згрижи децата кога таа е на работа и се разбира повисоки откупни цени за своите земјоделски производи. Треба поголема едукација на жената, мотивација и подобрување на самодовербата на жената. Таа иако цел живот работи на поле и дома најчесто се води со статус неплатен семеен работник и 95 % од жените фармери во селата немаат сопствен имот а тоа представува голема пречка за нејзиниот напредок и развој и пречка за остварување на правото на пензија, поради неисплатени придонеси и немање на средства за исплата. Токму на овие предивици НФФ работи, мора овие жени да имаат минимална пензија која ќе ја добиваат од државата, не заслужуваат да бидат заборавени од општеството за кое цел живот работеле, произведувале храна. На тоа ние работиме во Националната федерација на фармери и јас како претседател се залагам на остварување на нивните права, економско јакнење на руралната жена, како и отсранување на традиционалните бариери со кои се.

7. Колку од руралните жени се неемнципирани како да се зголеми таа бројка?

Потребна е поголема информиранот и социјалзација на жените од руралните средини. Само на таков начин може да се влијае пред се на мајките, а потоа тие да влијаат на своите ќерки и синови. Оние што завршуваат факултети без разлика дали се мажи или жени ги напуштаат, селата. Е токму таквиот кадар треба да се подржи и да гледа свој живот во селото. А тоа може да се направи ако има развиено село и добар приход, затоа треба да го развиваме земјоделството преку земјоделците и руралното население.

8. Колку државата помага при откупот оние земјоделски производи што нема да се продадат? Што се случува кога има лоши климатски услови град, суша, поплави кој ве обештетува во тој поглед?

Пласманот и договорното производство е најболната точка во земјоделството, што тоа значи дека производните цени растат, а продажните цени се ниски. За да не биде дека само филозовски зборуваме еве и конкретно за некои производи: производната цена за винското сорта „вранец“ е 17 ден по кг , а за винската сорта „смедеревка“ изнесува 16 ден по килограм. Со години цената на винското грозје е непромената и изнесува 13 ден за винската сорта „вранец “и 11 ден за „смедеревка“, со тоа земјоделците работат во загуба и од друга страна од некои откупувачите не им се исплаќа навремено за предадениот род. Кај пченицата производната цена минатата година е 11 ден по кг, а се откупуваше од 8 -10 ден по кг и сега има најава од страна на мелничарите дека нема да реализираат откуп доколку несе врати стариот правилник за увоз на брашно. Производната цена на зелката во почетокот на година е 4 ден по кг, а се откупуваше за 3 ден по кг. Најголем проблем е што договорното поризводство не се почитува, се знае и тоа во Законот за земјоделство и рурален развој јасно пишува дека мора да се склучуваат договри за време на откупот и тие да се почитуваат. Од друга страна постои нелојална конкуренција мал број на стопанственици, односно откупувачи ги диктираат откупните цени, од друга страна има и голем број на случаи за неисплати на средствата, еве конкретно во млекопрпоизводството токму тие ниски откупни цени го уништија целиот сточен фонд. Тука мора многу да се работи ние како што кажавме излезот го

гледаме во земјоелските задруги и подобрување на дијалогот помеѓу сите засегнати страни. НФФ уште минатата година формира кординативно тело и направи анализа за проблемите со откупот и направи анализа на голем број на производи колку е нивната продажна и откупна цена . Токму на 13 јуни ќе организира Прв земјоделски форум каде што ќе се разговара за пласманот, пазарните вредности, климатските промени.Според нас решенија се нови пазари, кооперативи, нови технологии, развој на постбербени активности и овозможување на развој на преработки и тоа и во домашни услови како што ги бараме измените во Законот за вино, односно

малите винарии и домашни производители да произведуваат во домашни услови вино и производи од грозје и продаваат.

Што се однесува до климатските промени има подршки во делот на осигурувањето од страна на државата, но тоа се покажа со години наназад дека не е добар начин поради манипулациите кои се прават од страна на осигурителните компании во делот проценките и тоа само не обесхрабрува нас земјоделците да ги осигуруваме нашите посеви. Има повеќе начини и решнија и ние како НФФ сметаме дека државата треба да направи една државна стратегија на прилагодување на земјоделството врз климатските промени и справување со овој проблем кој прави големи штети и во земјоделството и селата, кои преку климатските непогоди посебно полаите се втуркаат во поголема сиромаштија.

9. Кажете како вие се снаоѓате како жена лидер ? Како започнавте со својот бизнис? Кога запонавте? Од каде идеата?

Мене животот ме научи дека треба цело време да се борам за опстанок.Уште од дете откако знам за себе јас сум по нивите и заедно со мојот брат пораснавме на нивите во Тимјаник посеани со тутун, пипер, лозје .Откако нашите родители за време на транзицијата останаа без работа единствен излез за спас за опстанок најдоја во земјоделието и обработката на земјата.Тоа детство поминато во калта, мене едноставно ме исчеличи.Потоа на мои 19 години со незавршени студии стапив во брак со мојот сопруг Гоце Мојсовски. Тоа беше во 1997 година кога вработување имаше многу малку, а особено малку за селските деца.Тогаш тој доби наследство од неговите родители 1,5 хектар лозов насад и немајќи што друго да работиме решивме да работиме земјоделие –лозарство.Но уште првата година сфативме дека ако работиш земјоделиее треба да работиш или поголеми површини за да егзистираш или не треба да работиш .Тогаш почнавме секоја година да садиме по малку нов лозов насад, така што за да купиме ниви моравме да го продадеме автомобилот и старата застава за да дојдеме до финансии,но и тоа не беше доволно, па јас на мои 22 години со две мали деца со студирање , работаа на поле и немајќи никаков сопствен имот решив да ги убедам свекор ми, сопругот, девер ми и брат ми да заложат движен и недвижен имот и јас да земам наменски кредит за да можам да подигнам поголема површина со лозов насад. За да можеме да заштедиме на купувањето лозови садници решивме јас и сопругот да пробаме да почниме да калемиме ние лозови садници за наша потреба и заради тоа отидовме да го учиме занааетот во Србија,откако видовме дека можеме да произведуваме садници за нашите лозови насади почнавме да произведуваме и за продажба.Не беше ич лесно да се учи да се работи и да се одгледуваат две мали дечиња, кои што пораснаа по нивите исто како мајка им и татко им, но ако волјата и желбата за успех се поголеми од маката тогаш ништо не ти е тешко.Така почнавме да ги зголемуваме и лозовите насади и производството на лозовите и овошните садници и потоа ја отворивме и нашата семејна фирма АГРО КАЛЕМ Тимјаник која што со гордост можам да кажам дека е најголема фирма за производство на домашен лозов и овошен саден матерјал во Македонија.Така што идеата дојде од самиот мој живот и од борбата за опстанок.

10. Дали ќе го пренесете бизнисот на вашите деца, колку малдите генерации имаат интерес за работата на поле?

Моите деца ќерка ми 20 и син ми 18 години од мали се вклучени во нашата работа, земјата им беше замена за играчките и тие целосно се запознаени со целиот процес на работата на поле ,знаат дека основна егзистенција за живот ни е земјоделието, така што и нивниот понатамошен ангажман ќе биде во земјоделието.Ќерка ми веќе втора година студира на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на отсек овоштарство со лозарство, а и син ми веќе е одлучен да го продолжи високото образование на истиот факултет.Така што јас очекувам тие во иднина целосно да се вклучат во нашата работа.

11. Зашто младите имаат тенденција да избегаат во град?

Во неколку наврати споменав во интервјуто. Основната причина е егзистенција и ограничени пристапи до информации, лоша инфраструктура во селата и не доволно развиен социјален живот. Сето ова недостасува за еден млад човек да седи и да живее во село. Од друга страна исто на еден млад човек за да започне свој бизнис потребно им е почетнички капитал, финансиски поддршки, а тука се судрува со своето семејство, своите родители кои тешко сакат да го префрлат својот имот на нивно име и тој е маргинализирани за подигнување на кредит, аплицирање на различни поддршки.

12. Колку општо гледано државата го подрджува земјоделието колку го помага?

Земјоделието е важна стопанска гранка во Република Македонија, од една страна обезбедува 15% од Бруто домашниот производ, од друга страна 180 000 семејства егзистират од земјоделството и 87% од вкупната површина на државата е рурална. Постојат и субвенции и Програма за подршка на земјоделството и рурален развој и тоа е од голема помош за земјоделците. Но, за да имаме вистински развој мора да се направи Стратегија во земјоделството која ќе се базира на реалните проблеми, предизвици и вистински дијалог помеѓу земјоделците, откупувачите, факултетите, АПРЗ, владините институции и сите инволвирани субјекти во земјоделство. Треба сериозно да се пристапи кон либерализацијата на пазарот за земјодецот како професија да добие вредност, со тоа ќе добие и земјоделското земјиште и селото.