Сакате блескав тен без брчки? Една тајна состојка ќе ги избрише годините од вашето лице

“Црн мелем” масло од семки од тиква и мед. Во едно неодамешно истражување се анализирал ефектот од ова масло на кожата и неговата делотворност против акутните и хроничните воспалителни процеси на кожата. Во истражувањето биле прикажани фотографии од луѓе пред и по користењето на мелемот, а резултатите покажале подобрување на кожата на лицето по само три третмани, и тоа во 95 отсто од случаите.

Анти-ејџ ефект

Маслото од тиква е богато со антиоксиданси кои го забавуваат процесот на стареење на кожата и има високо ниво на масни киселини. Овие хранливи супстанци ја штитат кожата од оштетување и ја подобруваат нејзината еластичност. Содржината на витамин Е во маслото од тиква е исто така високо, а токму овој витамин е познат како “витамин на убавината”.

Ја прави кожата мека и нежна

Доколку сакате нежна кожа, ова масло ќе ви даде најдобри резултати. Маслото од тиква може да се користи за сите типови кожа.

Го изедначува тенот

Драгоценото масло од тиква го изедначува тенот бидејќи е богато со витамините А, Ц и Е, за кои е познато дека го поттикнуваат создавањето на здрави клетки на кожата.