Актерка од серијата „Сексот и Градот“ има шанси да стане гувернерка на Њујорк

И покрај предвидувањата, актерката Синтија Никсон од серијата „Сексот и градот“ се надева дека ќе ги искористи предностите од антиелитистичкиот бран што владее кај демократите за денес да оствари победа врз гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, на еден од последните демократски прелиминарни избори пред парламентарните избори во ноември.

Според најновата анкета што минатата недела ја направи институтот Сиена колеџ, 60-годишниот Куомо, кој е на чело на државата Њујорк од 2011 година и син на високопочитуваниот починат гувернер Марио Куомо, се смета за голем фаворит со поддршка од 63 отсто наспроти 22 процента за Синтија Никсон.

Но, 52-годишната актерка, која во случај на победа има голема шанса да стане гувернер на 6 ноември, со оглед на тоа што Њујорк важи за демократско упориште, повтори дека анкетите направени во последните недели не предвиделе победи на неколку кандидати од антиелитистичката струја предводена од жени и припадници на малцинства.

„Ендрју Куомо добро знае дека кампањата е потесна отколку што сугерираат анкетите, инаку против нас не би трошел милион долари дневно“, рече Никсон во вторникот.

Таа со години е активист за едукација на јавноста за правата на ЛГБТ-заедницата, мајка на три деца, која е во брак со жена, а претходно беше во брак со маж. Никсон се залага за легализација на марихуаната за рекреативни цели, реновирање на метрото во Њујорк, бесплатно образование, намалување на цените за домување, здравствено осигурување финансирано од државата и повисоки даноци за најбогатите.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.