Дали некогаш сте прегрнале некого вистински

Прегратка која трае. Прегратка која создава магија, која е доволно нежна, но и доволно цврста. Доволно нежна за да избрише сите болки, доволно цврста за да го сопре времето. Прегратка со која ќе ви испукаат сите коски.

За таква прегратка зборувам.

Колку пати сте прегрнале некого на тој начин?

Колку пати некој ве прегрнал вас на тој начин?

Прегратка која ви го одзема здивот. Прегратка која ви вдахнува живот и прави да се чувствувате дека сте живи.

Прегратка во која можете да чуете отчукувања на две срца и тоа толку силно што сфаќате дека нема поубава музика од тие синхронизирани срцебиења.
Прегратка во која се чувствувате сакано и заштитено истовремено. Заштитено од исти бури што ги носи животот.

За таква прегратка зборувам.

Ако некогаш сте прегрнале на тој начин, ако некогаш ве прегрнале на тој начин, вие сте среќна личност.

Одвреме-навреме ставете ја раката на вашите гради, можеби ќе чуете како две срца истовремено и синхронизирано танцуваат.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.