Џеј Зи за една година заработил 76,5 милиони американски долари

Раперот Џеј Зи е прогласен за најплатен хип-хоп музичар во 2018 година. Во изминатите 12 месеци заработил 76,5 милиони американски долари.

Шон Картер, познат како Џеј Зи, успеал да го помине раперот и продуцент Шон Комб или Паф Деди, кој три години по ред беше на врвот на листата на „Форбс“.

Џеј Зи во втората половина на 2017 година го промовира својот последен албум „4.44“, а оваа година настапуваше со својата сопруга Бијонсе на заедничката турнеја „Он д ран 2“. Двојката во јуни го објави албумот „Евритинг ис лав“.

Паф Деди заработил 64 милиони долари, Кендрик Ламар е трет на листата со годишна заработка од 58 милиони долари. Зад него се наоѓа Дрејк со заработка од 47 милиони долари.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.