Зоолошката градина побогата за две слончици Дуња и Даела

Зоолошката градина во Скопје  е се побогата со нови членови. Летово се родија кенгурот албино Арчи, малата Тинче од видот елени лопатари и малиот фраер од видот џуџести кози, а месецов пристигнуваат и двете слоници Дуња и Даела. Тоа е знак дека условите во кои живееат животинскиот свет се подобруваат секојдневно. Здравите и задоволни животни се глетка во која уживаат сите, а најмногу најмалите. Голема улога во одржувањето на здравјето на животните имаат зоо-негователите, кои се грижат за нивната исхрана и хигиена, но и за нивната психичка состојба, со тоа што има даруваат искрена љубов во неизмерни количества. Во зоолошката во Скопје работат луѓе кои ги сакаат животните чија животна желба била цел живот да работат со нив. Стручен тим  секој деневно се грижи за здравјето на животните, но и за хигиената. Нашата зоолошка постојано напредува по бројот на животните во неа, и по подобрените услови. Но сепак се уште има недостаток од финансиски средства потребни за одржување на постојаните и изградба на посовремени живеалишта, стручна едукација на зоо-негувателите преку семинари, предавања и размена на искуства со други зоолошки низ светот. Сите ние како посетители можеме да придонесеме за подобрување на условите во зоолошката со посовесно однесување, со кревање на свеста на повисоко ниво. Неодамна започна кампањата под наслов „За здрави и среќни животни“, со цел едукација на посетителите да не се хранат животните со храна што е штетна по нивното здравје (смоки, грицки и сл.), да не се вознемируваат, да не се врлаат отпадоци и слично.

Љубителите на животните често знаат да кажат дека подобро можеш да се разбереш со животни него со луѓе. Животните знаат за зборуваат на свој јазик, умеат да кажат  што чувствуваат што сакаат на едоставен начин.

Велат оние што не сакаат животни, не саак ни луѓе.

Има една изрека од Бил Мареј која вели вака:

„ Не им верувам на луѓето што не сакаат кучиња, но му верувам на кучето кога не сака некој човек “

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.