Пивото ќе поскапи

Пивото наредната година, поради сушите, се очекува да поскапи најмалку за 15 отсто, а се очекува и раст на речиси сите трошоци за производство на овој пијалак.

Според извештајот на инвестиционата банка „Беренберг“, најголемите светски производители на пиво се соочуваат со пораст на трошоците за производство од речиси 16 отсто. Овие трошоци ќе се одразат и на цената на пивото идната година.

Поскапувањето на производството пред сè е резултат на скокот на цената на јачменот, една од клучните состојки на пивото, чијшто род е намален во Европа, поради сушата. Поради очекувањата за намалена понуда на јачмен, цената на оваа суровина на почетокот на август достигна највисоко ниво во последните пет години – од 236 евра за тон.

Според податоците на американското Министерство за семјоделство, светските залихи на јачмен се најмали од 1984 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.