ПОКАЧУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ

Исплатената висина на минималната плата во бруто износ за претходната година се усогласува со Март секоја година со:

  • една третина од порастот на просечно исплатената плата во РМ
  • една тертина од порастот на индексот на трошоците на живот и
  • една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ,  за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Висината на минималната плата во бруто износ за исплата на плата за Јули 2018 година, заклучно со исплатата на платата за Март 2019год., се утврди и објави од страна на Министерството за труд и социјална политика. Согласно објавата која излезе во Службен весник на  Рм, бр. 126/2018, висината на минимална плата во бруто износ на Република Македонија за Јули 2018, зклучно до исплатата на платата за Март 2019 година, изнесува 17,370,00 денари.

Притоа, минимална нето основна плата за исплата во периодот од Јули 2018 година до Март 2019 година ќе изнесува 12,165,00денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.