МИГРЕНА И ЛАДНА КЛИМА

Луѓето што живеат во предели каде   преовладува поладна клима се поподложни на појава на мигрена. Иста варијанта на ген што ни помага во приспособувањето на живот во предели со постудена клима наедно го зголемува ризикот од појава на мигрена.

Група научници, меѓу кои и Аида Андрес од Универзитетскиот колеџ во Лондон и Феликс Ки од Институтот за еволутивна антропологија во Лајпциг, го проучувале генот на протеинот наречен TRPM8, за кој е познато дека се активира на ниски температури. Геномот од протеинот доаѓа од две верзии. Постарата верзија, која ја делиме со шимпанзото, е почеста кај луѓето што живеат во Африка. Но поновата верзија е почеста кај луѓето што живеат во северните земји и Европа. Тимот испитувачи прикажал генетска дата-база од луѓе со различно место на живеење, т.е. луѓе што живеат во Европа, Африка и Југоисточна Азија и пронашол корелација меѓу фреквенцијата(генот) и распростанетоста. На пример, новата варијанта на генот е распространета кај околу 88 проценти од финските жители, но само 5 проценти од Нигеријците.

Одредени компјутерски симулации сугерираат дека новата варијанта еволуирала во Африка пред да почнат луѓето да мигрираат на други континенти, што е многу интересно.

Веројатно ова е првпат адаптацијата на сензорниот ген да е поврзана со животната средина. Генот TRPM8, исто така, е поврзан со мигрената, но се се смета дека постарата варијанта заштитува од нарушување, а поновата варијанта го зголемува ризикот од појава на мигрена.

Ова може да помогне во објаснувањето зошто мигрената е почеста во северните делови од земјата. Но сеуште не е јасно зошто студот е поврзан со мигрената, иако некои луѓе добиваат главоболка предизвикана од студ. Сепак мигрената е комплексна и многу фактори влијаат врз нејзината појава.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.