Крокодилите во Скопска зоолошка добија ново живеалиште

„Една од причините поради која крокодилот излегол од живеалиштето е тоа што оградата била оштетена од влечење од посетители. Затоа уште од утрово започнавме со поставување на нови сигурносни огради на живеалиштата“, вели директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски.(Фото: Зоолошка градина)

Се поставува нова ограда на живеалиштето на крокодилите во скопската Зоолошка, откако завчера мажјакот Ганко избега од живеалиштето и преспа во езерото на патките.

„Живеалиштето на крокодилите е признаено од европската асоцијација ЕАЗА како едно од најдобрите живеалишта за рептили во Европа. Една од причините поради која крокодилот излегол од живеалиштето е тоа што оградата била оштетена од влечење од посетители. Затоа уште од утрово започнавме со поставување на нови сигурносни огради на живеалиштата“, вели директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски.

Во вторникот вечерта крокодилот Ганко избегал од живеалиштето и влегол во езерото кај патките. Бил најден во езерото со патките во средата наутро, кога вработените дошле на работа и потоа повторно бил вратен во своето живеалиште.

„Крокодилите не можат да излезат додека има посетители оти тие немаат пристап, односно езерото е длабоко и е во внатрешноста на живеалиштето. Исто така, преку ден постојано околу живеалиштата има Зоо негуватели. Нема шанси да избега ниту од објектот на Зоолошката градина кој е соодветно заграден“, изјави вчера директорот Галетановски.

Во Зоолошката градина има два крокодила, мажјак Ганко и женка Тина.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.