СОЧЕН СКОПСКИ БУРГЕР

Потребни Состојки:

  • Црна лепиња
  • 180г мелено јунешко месо
  • 30г зелена салата, 30г сланина
  • 20г чаден кашкавал
  • 30г домати
  • 1јајце
  • 25г маргарин
  • кромид во сос од цвекло
  • 20г бургер сос (обарен кромид, мајонез, павлака, сенф, ворчестер сос, сол,црн пипер)
  • 150г помфрит
  • кечап

Приготвување: од јунешкоto  месо обликувајте плескавици со дебелина од 1см. Од двете страни пржете ја по три и пол минути, па ставете врз неа парче чаден кашкавал. Исечете ја лепињата на половина и запечете ја во грил тава. На тој начин нема да ги впие сосовите. Испечете ја сланината во грил тава, исто така и јајцето, но да остане ровко. На долниот дел од лепињата ставете лист зелена салата зачинета со бургер сос, врз неа ставете ја плескавицата, додајте ги сланината, доматот исечен на кругови, јајцето и маринираниот кромид. Затворете со другата половина од лепињата и сервирајте со помфрит и кечап.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.