Ден на велосипеди по скопските улици

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, ќе се приклучи на велосипедското дефиле што ќе стратува во 10 часот пред порта „Македонија“.

Велосипедистите ќе се движат по маршутата: Порта Македонија – ул.Димитрие Чуповски до бул. Кочо Рацин (се врти лево), бул. Кочо Рацин, бул. Крсте Мисирков (се врти лево), бул.Гоце Делчев се врти лево и се продолжува по бул.ВМРО (се врти десно), бул. Партизански одреди до бул. 8 Септември (се врти десно), бул. 8  Септември се врти десно по бул.Илинден.

Велосипедското дефиле ќе заврши кај Школката во Градски парк, каде следи забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди, како симбол на користење на алтернативни превозни средства.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.