КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ АЛЕРГИЧНО ДЕТЕ?

Симптомоте на алергиските реакции кај децата во голема мера зависат до возраста, од типот на алергиската реакција, од нејзината тежина, како и од тоа колку често се јавува. Комбинацијата од генетските предиспозиции и надворешни влијанија, се во зедничка игра со алергиско имунолошкиот одговор на детето.

АЛЕРГИИ КАЈ БЕБИЊАТА

Во доенечкиот период доенчето е најмногу подложно на алергии од храна и од домашната прав, а ретко од сезонски алергии. За среќа само 6% од бебињата имаат вистинска алергија на храна. Јајце, кравјото млеко, кикириките, риба, орви, пченица се алергените кои предизвикуваат имуноглобин специфични сензибилизации во доенечкиот период. Првите симптоми може да се јават многу рано, тие се од потекло од гастроинтестиналниот тракт-како црвенило околу усните, оток на усните, повраќања, течни столици. Некогаш присуство на крв во столицата.

АЛЕРГИЈА НА МЛЕКО-КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ?

Алергиската реакција на МЛЕКО може да се презентира со различни симптоми во различно време. Некои реакции се умерени и се покажуваат само на еден систем, само како кожна манифестација егзема. Но умерени реакции не значат дека детето нема да има сериозна алергиска реакција во иднина. Во клиничката слика доминира: раздразливост, колики, повраќање, кашести столици, егзема, одбивање храна, крв во столицата.

Кај некои деца може да се јават и симптоми на визинг (свирење во градите), тешко дишење, кашлица, засипнатост, грчеви во стомакот, солзење на очите со оток, црвенила по телото, слабост, пад на притисокот со губиток на свест.

АЛЕРГИСКИ РИНИТИС И АСТМА

Инфатилната егзема и алергијата на храна се обично првите чекори во алергискиот марш, подоцна следат алергиски болести од страна на респираторниот систем (астмата, алергискиот ринитис).

Педијатриската астма е хетерогено хронично заболување на дишното стебло кое во зависност од земјата се движи од 1-18%. Симптомите на отежнато дишење, стегање во градите, кашлица со променлив интензитет, истите се јавуваат при физичка активност и при изложувње на алергени во сезона на вирусните респираторни инфекции. Ослободувањето од симптомите бара краткотрајно внес на бронходилататор. Зголемената честота на симптомите, степенот на нивната јачина, ќе ни биде знак за долготрајна терапија која вклучува леукотриен антагонисти или тописки инхалаторни кортикостероиди, чиј избор зависи од возраста, тежината на асматската болест.

СО ВОЗРАСТА СЕ НАМАЛУВА И АЛЕРГИСКАТА РЕАКЦИЈА

Главните фактори кои придонесуваат да престане алергијата на храна се:

Јачината на алергијата и бројот на алергените на кои е сензитивно детето.

-Повеќе од четвртина од децата алергиските реакции ги надминува на возраст од 4-5години.

-Децата кои се алергични на млеко, јајца, соја ја надминуваат алергијата до втората година, а онаа на кикириките и оревите е со помала веројатност дека ќе исчезне со раст на детето.

-Децата со тешки симптоми и алергија на поголем број алергени имаат помали шанси да постигнат толеранција на храна.

-Момчињата ја надраснуваат алергијата побрзо за разлика од девојчињата.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.