Колач со праски и боровинки

Потребни состојки:

  • 3 супени лажици несолен путер
  • 3 супени лажици масло за готвење
  • 1 шолја интегрално брашно
  • 1 шолја млеко со ниска масленост
  • 1 кафена лажица ванила екстракт
  • 3 праски исечкани на месечинки
  • 2 шолји свежи или замрзнати боровинки
  • 1/2 шолја шеќер
  • 1/2 кафена лажица сол
  • 1 и 1/2 кафена лажица прашок за печиво

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени целзиусови. Во плех за печење ставете го путерот и оставете го да се растопи пет до седум минути. Во меѓувреме, измешајте ги брашното, прашакот за печиво и солта во длабок сад. Додајте ги млекото, шеќерот и ванилата, па измешајте за да се соедини се заедно. Додадете го стопениот путер на смесата и уште еднаш промешајте ја. Истурете ја смесата во загреаниот плех, а врз неа рамномерно распоредете ги праските и боровинките. Вратете го плехот во рерната и пешете додека горниот дел од колачот но добие златно- кафена боја, околу 50 минути од еден час. Извадете го колачот да се олади барем 15 минути, па послужете го уште топол, посебно или со сладолед од ванила.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.