Мајка ѝ на Меган Маркл се појави на нејзиниот прв кралски настан

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, во дворот на Кенсингтонската палата ја претстави својата книга за готвење Together: Our Community Cookbook, а приходите од продажбата ќе им бидат донирани на јавните кујни.

За првиот сопствен настан како член на кралското семејство, Меган облече капут во кралска сина боја од модната куќа Smythe, под кој носеше црна блуза без ракави од брендот Tuxe, црно плисирано здолниште од дизајнерката Миша Нону и класични црни салонки.

Овој пат, освен Хари, во нејзино друштво беше и мајка ѝ Дорија Рагланд за која ова беше прв кралски настан по свадбата на Меган и Хари во мај годинава. Таа се појави во скромна комбинација од панталони, џемпер и ролка во слична боја, а преку рамената носеше портокалова марама.

Освен што ѝ е прв кралски настан, на Дорија ова ѝ беше прво јавно појавување со ќерка си по венчавката.

Be the first to comment

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.